1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Поинаква изложба за Гете во Вајмар

Националниот музеј Гете во Вајмар ги отвора своите врати по повеќе од едногодишно реновирање. Изложбата „Животен наплив – бура од дела“ ја покажува постојаната изложба во ново руво.

За таа цел збирката за животот и делото на Јохан Волфганг фон Гете е комплетно редизајнирана. Пет децении во Вајмар живеел најпознатиот германски поет и мислител.

Националниот музеј Гете во Вајмар со новата изложба пристигна во дигиталното време. Гетеовиот Фауст интерактивен - електронски лексикон со клучни зборови и пасуси. Исто така и мултимедијалниот водич им овозможува на посетителите нов пристап до големиот поет и мислител.

Во седум тематски простории се открива колку Гете бил генијален и екстремно амбициозен. Целиот негов живот тој ја истражувал природата и уметноста.

Goethe-Nationalmuseum Weimar Ausstellung

Националниот музеј Гете во Вајмар

„Гете како животен принцип имал себеси постојано да се образува, постојано да работи на себе, што може да се забележи до последните денови од животот и може да се види во неговото последно писмо до Хумболд. Тој секогаш велел: мораш да работиш на себе до последниот ден за да бидеш комплетно човечко суштество“, вели Волфганг Холер, генерален директор на музејот.

Над 500 експонати покажуваат многу аспекти од работата и животот на Гете. Тој е Европеец кој се интересирал за останатите култури и за секаква форма на патување.

Од една страна толерантен кон светското население, од друга страна го ценел редот, војската и државата.

Тој за француската револуција имал аверзија исто како и за непредвидливите сили на природата.

Новата изложба во Вајмар ги става човечкото во Гете во центарот со сите негови вештини и контрадикторности.