1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Познат составот на француската влада

Новиот француски претседател Николас Саркози и новиот премиер Франсоа Фијон денеска го претставија составот на кабинетот. Број два во него ќе биде конзервативниот екс-премиер Алан Жупе кој ќе го држи ресорот екологија и развој. Како знак за политичко отворање се смета назначувањето на социјалистот Бернар Кушнер за министер за надворешни работи. и на либералот Ерве Морин за министер за одбрана. Од социјалистичката партија во меѓувреме најавија дека Кушнер ќе биде исклучен.