1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Познат идентитетот на осомничените за масакрот кај Смиљковци

Истражен судија им одреди триесетдневен притвор на петтемина осомничени за убиството кај Смиљковското Езеро. Медиумите го објавија идентитетот и фотографии на осомничените.

Двајца од петтемина осомничени за убиството на петте лица на 12-ти април се во бегство, а во притвор во Битола се еден од директните убијци и двајцата помагачи кои им обезбедиле засолниште и им помогнале да избегаат на Косово.

Двајца од нив ја дале својата одбрана пред суд, додека еден се бранел со молчење. За други четворица има барање за проширена истрага и тие ќе одговараат за поседување на оружје. Ним им е одреден 30-дневен притвор.

Објавен идентитетот на осомничените

Министерството за внатрешни работи во вторникот поднесе кривични пријави за „тероризам“ против петте лица кои учествувале во масакрот којшто се случи на 12-ти април кај Смиљковското Езеро, во близина на Скопје, кога беа убиени четири момчиња на возраст од 18 до 20 години и еден 45-годишен жител на село Црешево. Според МВР, се работи за група од Скопје, следбеници на радикалниот ислам, а дел од нив биле на боиштата во Авганистан и Пакистан и се бореле на страната на талибанците.

Во меѓувреме, македонските медиуми објавија фотографии на петтемина егзекутори кај Смиљковското езеро.

Според медиумите, кои се повикуваат на полициски извори, браќата Африм Исмаиловиќ (32) и Агим Исмаиловиќ (33) и дваесетиседумгодишниот Алил Демири се директни извршители на убиството, но во полициската акција е приведен само Агим Исмаиловиќ, додека останатите двајца се во бегство.

Педесетичетиригодишниот Фејзи Азири и дваесетичетиригодишниот Рами Сејди им помагале на убијците, им нашле засолниште и им помогнале да избегаат на Косово.

Пронајдено големо количество оружје

Големо количество оружје било пронајдено кај 60-годишната Фериде Билало од кумановското село Отља. Во нејзината куќа биле најдени радиостаници, маскирни панталони, кошули, ранци, амблеми, легитимации и албум со ознаки на УЧК. Жената доцна синоќа (02.05) беше пуштена да се брани од слобода, одземен и‘ е пасошот и има обврска да се јавува во суд.

Татко и син од скопско Арачиново, Исни и Рамадан Асани, во семејната куќа чувале пиштоли и рамки со различен вид муниција.

Кај уште двајца е пронајдено оружје, додека останатите десетина се осомничени дека учествувале во организирање, подготвување, извршување, помагање и прикривање на кривичното дело тероризам, извршено кај Смиљковското езеро.