1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Познат голман, сега успешен бизнисмен

Го нарекуваат едноставно Тони: како поранешен голман и капитен на германската репрезентација Харалд Тони Шумахер беше идол на цела генерација. По активната спорстка кариера продолжи да работи како тренер на голманите во реномирани клубови.Како ко-спопственик на агенција за маркетинг, Тони Шумахер извесен период работи за големи фирми и концерни што се ангажираат во спортот.

За фудбалската легенда напишана е и книга

За фудбалската легенда напишана е и книга

Се уште изгледа спортски, а и во костум како бизнисмен се уште зрачи со неговиот суверентитет што го одбележуваше и во активното време како еден од најдобрите голмани на сите времиња. И сегашната работа на Тони Шумахер, како бизнисмен и косопственик на агенцијата за маркетинг „Спортс фрст„ со седиште во Келн ја врши со целосна амбициозност како во старите времиња и тоа не според девизата:„не морам никому ништо да му докажувам„:

„Сигурно сакам себе си уште нешто да си докажам. Амбицијата ми е останата. Реков, ќе се обидам се’ да ставам на таа карта ако фирмите или концерните сакаат нешто да направат во фудбалот и прашуваат кој може да им помогне. Има луѓе што тогаш велат да, постои фирмата ’Спортс фрст’ – тие можат да помогнат„.

Покрај Шумахер во фирмата се поранешниот спортски новинар Маркус Бокелман како креативец и експертот за финансии и косопственик Георг Штајмел кој го објаснува спектарот на нивната работа:

„Нашата агенција ги советува големите фирми и концерни кои покрај нинвите класични активности инвестираат и во спортот, како и во сојузната фудбалска лига која претставува најатрактивно поле за рекламирање во Германија„.

Иако агенцијата со сегашната структура постои само една година, меѓу нејзините клиенти се вбројуваат познати фирми, како „Постбанк„, „Ти-системс„-на Дојче Телеком, кореанскиот концерн „Самсунг„ и прволигашт „Баер Леверкузен„. Кога во минатата есен беше склучен договорот за спонзорство меѓу прволигашот „Шалке 04„ и рускиот енергетски концерн „Газпром„, „Спортс фрст„ се погрижи за изненадување во браншата: во острата конкуренција на сцената на спортскиот маркетинг, агенцијата го доби „Газпром„ како нов клиент. Договорот ќе трае пет ипол години. Задачата гласи: да се подобри имиџот на рускиот енергетски џин кој во Германија не ужива посебен респект. Ни малку лесна задача, зашто „Газпром„ досега во Германија беше познат како руски државен концерн кој запирањето на испораките на нафта и гас по желба ги користи како политичко средство за притисок. Штајмел објаснува:

„Тоа беа првите емоции и колебања што ги има секој од нас кога ќе се соочи со името ’Газпром’. Тоа и нам ни се случи. Но, токму во тоа го гледавме предизвикот, преку спортот да ги зголемиме симпатиите за ’Газпром’. А, кога станува збор за тоа, тогаш рускиот концерн добро направи што се профилира преку спортот, но и преку други акции како ’Едно срце за децата’ што ’Газпром’ ја поддржува во оваа година. Меѓутоа, вниманието концерните можат да го привлечат и преку социјални проекти„.

Многу специфичниот договор со „Газпром„ се случи преку бизнис врските на неговиот ортак. Во овој случај Тони Шумахер не мораше да ја става во погон личната популарност и шарм. Всушност, тоа е и неговата главна задача во агенцијата: да воспоставува контакти и да отвора врати:

„Нашите секретарки не се од оние што имаат по 20-сетина годни, туку се во зрело доба, така да кажам. Тоа ми ја поедноставува целата работа. Кога телефонирам и ќе кажам, овде Тони Шумахер, најчесто се случува да ми одговорат: не морате ништо да кажете, вие сте Тони, нашиот Тони, нели? Тоа уште повеќе ја поедноставува работата. Тоа е она што најмногу го работам: создавањето мрежа, пронаоѓањето клиенти и воспоставувањето контакти. И тоа многу радо го правам. Многу патувам, како некогаш кога играв фудбал. Ја фаќав топката и играв со моите соиграчи, а тие работеа заедно. И сега верувам дека сме добар тим„.

Како фудбалер Шумахер со спектакуларни постигнувања се вброи меѓу најдобите голмани на сите времиња. Но, во неговата кариера имаше и лоши периоди. На пример, грдиот фаул врз францускиот фудбалер Батистон на светското првенство во 1982 година. Сепак, секогаш му успеваше повторно да се исправи и да ги освои срцата на публиката. Притоа сигурно му помагаа самодисциплината и амбициозноста, особини што игараат важна улога и во неговата сегашна кариера:

„Кога некој е амбициозен и работлив и притоа сака и да учи... Да, и во сегашната професија вложувам многу енергија. Она што е многу важно во сегашната работа е што сега можам да кажам – ова е моја фирма. Тоа го велев и како фудбалер – ова е мојот клуб. Тогаш и мотивацијата е малку поголема„.

Во меѓувреме, Тони Шумахер научи и неговиот повремено жежок темперамент да го држи под контрола. Затоа неговиот компањон Георг Штајмел може да каже:

„Тони за нас е нашата марка. Тој е прекрасна личност. Тоа го видовме за време на светското фудбалско првенство, но и за време на целата сезона. Секаде каде што ќе се појави се наоѓаат и пријателски настроени, отворени луѓе. Луѓе со кои веднаш може да се почне разговор. Преку таквата социјална поврзаност и исклучителната популарност на Тони Шумахер, постигнуваме успех и во нашите сериозни разговори со клиентите. Со него имаме идеална ситуација за нашата работа„.