1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Познато името на идниот конкурент на Дојче Пост

Компанијата Дојче Пост, односно германски пошти, монополот за дистрибуција на пратки со тежина до 100 грама од 2007 година ќе се соочи со конкуренција. Веќе и официјално е позната корпорацијата односно конкурентот кој од 2007 година ќе се обиде да превземе дел од поштенскиот колач. Првите реакции по најавите од конкуренцијата не го возбуди раководството на Дојче Пост од каде велат дека се подготвени

default

Три германски новински издавачи, Аксел Шпрингер, Холцбринк и ВАЦ- Вестдојче Алгемајне Цајтунг, заедно со луксембуршката менаџерско консултантска куќа Росалиа, влегуваат во битката за освојување на поштенскиот пазар во Германија.

Четирите партнери во заедничка изјава соопштија дека се здружуваат во џоинт венчр, во кој сите ќе поседуваат по еднакви 25%. Целта е да се влезе во битка за освојување на пазарот за дистрибуирање на писма во Германија, кој до крајот на 2007 година треба да се либерализира.

Раководното место во корпорацијата ќе му биде доделено на Гинтер Тил поранешен претседател на преставништвото на Тил Лоџистик во Луксембург и прв човек на активностите на фирмата во централна и источна Европа. Според неговите очекувања, во наредните период, односно до крајот на 2007 кога завршува монополот кој го поседуваат Дојче Пост, Германските пошти, пазарот рапидно ќе расте. Тил отворено ги соопшти амбициите, корпорацијата со која ќе претседава да биде број два на пазарот, зад Дојче Пост.

Раководствата на Шпрингер, Холзбринк, ВАЦ и Росалиа, соопштија дека веќе од почетокот на наредната година ќе стартуваат со активности. Оперативното седиште ќе биде во Берлин, а административната централа во Луксембург.

Раководството на Дојче Пост, засега е воздржано околу конкретните најави од конкуренцијата. Портпаролот на компанијата соопшти дека развојот на состојбите е нормална процедура, додавајќи дека германските пошти се добро подготвени за периодот по крајот на монополската позиција.

Дојче Пост, кој го поседува монополското право за транспорт на писма и каталози со тежина до 100 грама во последната година оствари вкупен промет во износ од 43,2 милијарди евра. Од почетокот на наредната година, компанијата ќе ја задржи монополската позиција при дистрибуција на писма и каталози до двојно помала тежина од постојната, односно 50 грама.

Плановите за либерализација на пазарот за дистрибуирање на писма го поздрави и директорот на Сојузната федерација за Пошти и телекомуникации Елмар Милер, според кого ова преставува добредојден чекор.