1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Познати четвртфиналистите во фудбалскиот Куп на Германија

Утре започнува пролетниот дел на Бундеслигата. Дел од екипите, веќе го почуствуваа вкусот на победата и на поразот во осминафиналните натпревари од Купот. Со еден исклучок, фаворитите ја оправдаа улогата.

default

Вердер Бремен славеше на гости против Борусија Дортмунд со 2:1

Во вторите четири натпревари што се одиграа вчера имаше само едно изненадување. Претпоследно пласираната екипа од Втората лига, Вехен од Визбаден успеа на гости да го победи прволигашот Карлсруе со 1:0.

Најатрактивниот натпревар вчера се одигра во Дортмунд. Домаќинот Борусија не успеа да го сочува водството и беше поразена од Вердер од Бремен со 2:1.

Fussball DFB Pokal Bayer Leverkusen - Energie Cottbus Michal Kadlec

Михал Кадлец ( со топката) го постигна вториот гол за Баер Леверкузен во победата од 3:1 против Енерги Котбус

„Ние имавме позрели шанси а Бремен победи затоа што ја контролираше играта. Дотолку повеќе разочарувањето сега е огромно“, изјави по мечот тренерот на Борусија Јирген Клоп.

Баерн Минхен убедливо чекори кон одбрана на пехарот

Баер од Леверкузен, кој поради реновирањето на неговиот стадион играше во Дизелдорф немаше проблеми со гостите од Енерги Котбус и славеше со убедливи 3:1.

Уште поубедлив беше тимот на Волфсбург против второлигашот Ханза од Росток со 5:1.

DFB Pokal VfB Stutgart gegen Bayern München

Лука Тони ( Баерн Минхен)успешен против Јенс Леман (Штутгарт)

Со идентичен резултат во вторникот бранителот на пехарот, Баерн Минхен славеше на гости против Штутгарт. Улогата на фаворити завчера ја оправдаа и Хамбург и Шалке 04, кои победија со 3:1 и со 4:1 против Минхен 1860 и Јена.

Во дуелот меѓу второлигашите Мајнц и Фрајбруг, поуспешен беше есенскиот првак во Втората лига, Мајнц кој славеше со 3:1.

Четвртфиналните двојки ќе бидат познати по утрешното извлекување, а натпреварите ќе бидат одиграни на 3 и на 4 март.