1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Познати се сите учесници на Мундијалот во Бразил

Репрезентацијата на Уругвај е последниот учесник на Светското првенство во фудбал кое следната година ќе се одржи во Бразил. Останува уште извлекувањето на групите кое е закажано за 6. декември

Уругвај и Јордан одиграа 0:0, во последниот бараж реванш, со што Уругвај го потврди пласманот на Светското првенство. Уругвај, интерконтиненталниот бараж со Јордан го доби со вкупен резултат 5:0. Инаку, на 20-то СП во Бразил, ќе играат 32 репрезентации, 24 од нив играа и на минатиот шампионат во Јужна Африка, додека единствен дебитант е селекцијата на Босна и Херцеговина.

Она што по завршувањето на квалификациите и бараж мечевите е најинтересно, тоа е како ФИФА ќе ги распореди репрезентациите во пресрет на жрепката. Иако постојат одредени непознаници, за верување е дека ФИФА нема да отстапи од досегашната пракса – Бразил и најдобрите седум селекции од октомвриската листа на ФИФА да се најдат во првиот шешир, а останатите репрезентации да бидат распределени според географската припадност, а не според пласманот на ФИФА ранкингот.

Носители: Бразил, Шпанија, Германија, Аргентина, Колумбија, Белгија, Уругвај, Швајцарија

Останати учесници на Мундијалот: Јужна Америка: Чиле, Еквадор Азија: Јапонија, Австралија, Иран, Јужна Кореа.

Европа: Холандија, Италија, Русија, БиХ, Англија, Грција, Хрватска, Португалија, Франција

Африка: Брег на Слонова коска, Камерун, Гана, Алжир, Нигерија.

Северна Америка: САД, Мексико, Костарика, Хондурас. Светското првенство во Бразил ќе се одржува од 12.јуни до 13.јули на 12 стадиони, а вкупно ќе се одиграат 64 натпревари. Извлекувањето на групите ќе биде извршено во петок, на 6.декември, во летувалиштето Мата де Сао Жоао, во бразилската држава Баиа. Во пресрет на извлекувањето на групите, единствено е познато дека Бразил ќе биде на позицијата А1 и дека натпреварите во групната фаза ќе ги игра во Сао Паоло, Форталеза и Бразилија.