1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Познати првите четвртфиналисти за германскиот куп

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд обезбедија пласман во четвртфиналето од германскиот куп.

default

Фудбалерите на Дортмунд во акција

Баварците синоќа во Гелзенкирхен го совладаа регионалниот претставник Вуперталер СВ со 5:2. Избраниците на Отмар Хицфелд имаа проблеми во првото полувреме, кое заврши со 2:2. Разликата во квалитетот сепак дојде до израз во продолжението „Да, се радувам што понекогаш се одигруваат вакви натпревари, во кои има проблеми како во првото полувреме, кои можат да ни помогнат за наредните натпревари“ изјави Хицфелд
Борусија Дортмунд во драматичен меч го совлада Вердер Бремен со 2:1 и по дванаесет години пазуа повторно е во четвртфиналето во купот. Тренерот на Борусија, Томас Дол, задоволен:„Победивме против еден од најдобрите тимови во Бундеслигата. По зимската пауза ниту еден тим не знае како ќе се одвиваат работите на првиот натпревар и затоа сме многу среќни. Но исто така знаеме дека треба повеќе работи да подобриме“ изјави Дол
Во останатите натпревари, Хофенхајм-Хаза Росток 2:1, Минхен 1860 на гости славеше против Ахен со 3:2