1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Познати полуфиналните двојки во Лига Европа

Атлетико Мадрид - Валенсија и Спортинг Лисабон - Атлетик Билбао, ги сочинуваат полуфиналните двојки во фудбалската Лига Европа.

Познати се четирите екипи кои изборија пласман во фудбалската Лига Европа. Четирите тима доаѓаат од Пиринејскиот полуостров, а три од нив се од Шпанија.

Играчите на Атлетик Билбао, откако на првиот меч како гости го победија Шалке со 4:2, во реваншот, на „Сан Мамеш“ одиграа 2:2. Германците два пати водеа, со головите на Хунтелар и Раул, но Баскијците два пати успеваа да ја анулираат предноста, стрелци на двата гола за Атлетик беа Ибаи и Сасуета.

Fußball Europa League Athletic Bilbao gegen FC Schalke 04

Шалке поразен од Атлетик Билбао

Противник на Атлетик во полуфиналето ќе му биде португалскиот Спортинг Лисабон, која кај Металист, во Украина одигра 1:1. Младиот холандски напаѓач Ван Фолсфинкел му донесе предност на Спортинг на истекот од првиот дел, резултатот во второто полувреме го израмни Кристалдо. До крајот играчите на Металист не успејаа да постигнат барем еден гол со кој мечот ќе го однесеа во продолженија.

Валенсија во вистински момент најави излез од кризата, со убедливата победа над АЗ Алкмар од 4:0. Головите ги постигнаа Рами во 15. и 17. минута, Жорди Алба и Пабло Хернандез.

Атлетико Мадрид ќе и‘ се спротистави на Валенсија во полуфиналниот двомеч. Тимот во реваншот во Хановер забележа идентична победа од 2:1, како и пред една недела.

Првите полуфиналните натпревари се закажани за 19 април, додека реваншите ќе се одиграат седум дена подоцна.