1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Познати добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“

Годинешни добитници на високата државна награда во Македонија во областа на воспитаниeто и образованието културата и уметноста се Драги Митревски, Луан Старова и Никола Фиданоски.

default

Академик Луан Старова еден од добитиците на наградата „Св. Климент Охридски“

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ денеска (02.12.2011) ги соопшти годинешните добитници.
Во областа на воспитаниeто и образованието, наградата му се доделува на
археологот проф. д-р Драги Митревски, во областа на културата и уметноста,
наградата им се доделува на академик Луан Старова, како и на ликовниот
уметник м-р Никола Фиданоски.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2011 година
(четврток) во 14 часот, во Свечената сала на Собранието на Република
Македонија.

Автор:СН/ЖА/мф

Редактор: Жана Ацеска