1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Познати добитниците на мировната награда на градот Ахен

Мировната награда на градот Ахен годинава е доделана на детски циркус и мировно село во Колумбија. Во образложението се вели дека Циркусот Пинокио од Ахен им покажува патишта за соживот на луѓето во поранешна Југославија, во Санкт Петерзбург и во Белфаст. Мировното село Сан Хозе де Апартадо се наградува како претставник на 50 мировни села во Колумбија. Мировната награда на градот Ахен се доделува од 1988 година на луѓе кои се залагаат за мирот и соживотот. Наградата е дотарана со 1000 евра и традиционално се предава на анти воениот ден 1 септември.