1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Познатите личности и политичарите на мета на хакерите

Бројот на социјално осигурување, телефонските контакти, трансакции со кредитни картички – чувствителни податоци на познати Американци беа објавени на една нова веб-страница. Под закана ли се и германските политичари?

Тоа звучи како вистинска сајбер-бомба – Мишел Обама, првата дама на САД, често купувала кај модната марка Банана репаблик. Тоа го покажаа трансакциите од нејзината кредитна картичка. Тие се достапни на интернет страницата exposed.su, која од неодамна се објавуваат лични податоци од американски познати личности и политичари.

Hacker vs. Promis (Britney Spears und Michelle Obama)

Не е познато дали податоците објавени за Бритни Спирс или Мишел Обама се и вистинити

Јавноста на веб-страницата, која има домејн „su“, а кој се однесува на Советскиот сојуз, може освен трансакциите на Мишел Обама да го види и приватниот живот на американскиот заменик-претседател Џо Бајден, министерот за правда Ерик Холдер и на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, како и на милијардерката ПАрис Хилтон, пејачот Џеј Зи и поп-пејачката Бритни Спирс.

Во секој случај, се’ уште е нејасно дали објавените податоци воопшто се соодветни и од каде потекнуваат. Веројатно тие воопшто не се украдени од компјутерите и мобилните телефони на овие личности, туку од американските бироа во кои се добиваат економски информации. Некои информации се јавно достапни и до нив може да се дојде со пребарување, на пример, во судски акти.

Крадење податоци по заобиколен пат

„Тачевите за познатите се една страна. Многу позначајно од моја гледна точка е тоа дали сте соодветно заштитени, на пример, од индустриска шпионажа“, вели Костанце Курц, портпаролка на „Хаос компјутер клубс“ во разговор за Дојче веле. Во тој контекст таа под ризик ги гледа исто така и германските врвни политичари, како и шефовите на компаниите.

„Сојузната служба за безбедност во информатичката техника се обидува да ги заштити мрежите на институциите и врвните политичари. Како и да е, политичарите и шефовите во компаниите се само луѓе, кои понекогаш префрлаат чувствителни податоци на несигурни платформи, како што се приватните телефони, затоа што така им е полесно“, предупредува Курц.

Angela Merkel SMS

Меркел често праќа СМС пораки

Кај нормалните мобилни телефони, кои функционираат на ГСМ стандардот, денес е многу едноставно да се шпионира содржината на разговорите или СМС пораките. И Ангела Меркел би можела да биде прислушкувана, а познато е дека таа често комуницира преку СМС. Сепак, портпаролката на „Хаос компјутер клубс“ вели дека со дополнително шифрирање канцеларката до сега е заштитувана од шпионажа на нејзиниот службен телефон, како што се заштитени и најголем дел од обичните граѓани.

Случајот во САД покажа дека податоците се земени од надворешни извори, на кои жртвите немаат влијание. Удо Хелмбрехт, директор на Европската агенција за безбедност на информациите и информациските мрежи (ЕНИСА) прави споредба меѓу ИТ-светот и реалниот живот.

„Немате влијание како клиент на тоа дали банката, во која имате сметка, ќе биде нападната или не“, вели Хелмбрехт.

Се предлагаат заострени закони

Symbolbild Computer Hacker Angriff

Експертите бараат заострени закони, кои ќе ги натераат фирмите повеќе да ги заштитуваат податоците

Познавачите на состојбите бараат од политиката да ги натера фирмите подобро да ги заштитуваат базите со податоци. Ако тоа не го направат, тогаш треба да се соочат со остри казни, смета Курц, која додава дека тие треба да инвестираат повеќе во заштитата на интернет-мрежата. Таа исто така бара тие да се обврзани да ги објавуваат нападите од страна на хакерите.

Пробивањето на податоците не секогаш доаѓа од надвор. Минатата година вработен во ИТ-сервисот ги проби доверливите мејлови на Сојузното германско министерство за здравство и ги продаде на фармацевтски лобисти.