1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Позицијата на верата во Македонија

Ивица Џепаровски, професор по филозофија на културите во интервју за ДВ зборува за враќањето кон верата на луѓето во Македонија, за можноста од појава на верски фанатизам, за можна комерцијализација на верските празници.

default

Св.Јован Бигорски

ДВ: Господине Џепаровски го делите ли впечатокот дека постепено верските празници ја губат суштината, повеќе стануваат комерц ијални?

Џепаровски: Не би рекол дека се случува еден таков процес, напротив мислам дека е евидентно обратното, иако се разбира постои едно профанизирање на верските празници. Но мислам дека како одминува времето луѓето сфаќаат дека празнувањето не е само нешто што е појавно. (...)

Дали Македонија во процесот на европоеизација застана само на државното, или и на духовното на некој начин се емитира она што се случува во Европа?

Џепаровски: Не станува збор за некаква емитација. Јас мислам дека она што се случува е една внатрешна потреба и на самата држава и на самата црква, да ги возобнови оние нешта коишто во минатото биле составен дел од нејзината традиција. (...)

Колку според Вас се религиозни луѓето во Македонија?

Џапаровски: Веројатно да се одговори на ова прашање потребно е едно посериозно истражување. Мислам дека тоа треба да се стори во најскоро време, затоа што нависитина ни недостасуваат егзактни подтоци со кои се утврдува степен на религиозност. Но од она што може да се види, непосредно, нагледно, искуствено, јасно е дека религиозноста како еден процес, како еден феномен е во зголемување, значи воочуваме ситуација на практикување на религиозното во еден поголем обем отколку во минатото, и мислам дека од година во година тоа се зголемува и дека бројот на верниците станува се поголем и поголем.

Како ние да го толкуваме враќањето кон верата по напуштањето на атеистичкиот систем. Дали може да стане збор за тренд?

Џепаровски: Па можеби првичните мотиви можат да се определат како тренд, но мислам дека базичните мотиви не се врзуваат за трендот. Напротив мислам дека тоа е резултат на созревање на свеста, дека и религиозното е составен дел на човечкото битисување, како што е и составен дел на секојдневниот живот и составен дел на политичкото живеење. Така што мислам дека многу повеќе станува предоминантно мислењето дека религиозното не е тренд туку едно изворно чувствување.

Дали вртењето кон Бога станува алтернатива за реалното кон кое многумина неможат да се прилагодат или тешко го прават тоа?

Џепаровски: Ова е сериозно прашање, мислам дека не може да се даде еднозначен одговор. Мислам дека стварноста со сите свои проблеми што ги носи, неможе да биде надмината или протолкувана или на некој начин надмината со спроведувањето на религиозното. Тоа може да помогне во одредени ситуациии, но не мислам дека тоа е решението. Значи решението што религијата може да го даде е да сфатиме дека ние сме и битија и духовни, не сме само материјални. Но од друга страна егзистенцијата најнепосредна на човекот во многу нешта зависи од други работи, од економијата, од политиката од стварноста. Се разбира кога тие се влијаени од религијата и она што е етичко во религијата и самите тие се трансформираат. Значи очигледно е дека процесот на донирања, процесот на помагање на оние што немаат, процесот на поддржување на хендикепираните, сите тие нешта што се случуваат во последно време се’ позасилено е веројатно резултат и на влијанието на религијата и на фактот дека ние треба ближниот да го сакаме, и на фактот да им помагаме на оние кои неммаат, односно да се остваруваме себеси како етички и како религиозни суштества на коишто другиот ќе ни биде, другиот секојпат ќе биде за нас врвната цел.

(...)