1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Позитивни сигнали од Сенатот за пакетот на Обама

Американскиот претседател Барак Обама ја поздрави најавената поддршка од Сенатот за неговиот конјунктурен пакет. Обама го повика Конгресот брзо да го изгласа пакетот мерки за да може да се рестартира економијата.

default

Поддршка од Сенатот за економскиот пакет на владата

Уште пред да се појави на првата прес-конференција во Белата куќа, којашто беше пренесувана во живо на повеќе американски телевизии, претседателот Барак Обама доби добра вест. Во Сенатот е отворен патот за да се изгласа најголемиот пакет финансиски мерки за стимулирање на економијата предложен од владата. По долгата дебата 61 сенатор, меѓу кои и тројца Републиканци, се изјаснија дека ќе му дадат поддршка на предлог пакетот кој тежи 800 милијарди долари. Според правилата, поради ова тесно мнозинство од само еден глас повеќе од потребното во оваа фаза од постапката, републиканците веќе не можат да го блокираат гласањето. Оттука, денешното гласање за предлогот во Сенатот важи за завршена работа. Претседателот Обама не го криеше задоволството и ја нагласи важноста на овој план. „Со него треба да се создадат или задржат четири милиони работни места и да обезбедиме долгорочен економски раст“, рече Обама.

USA Vorwahlen Demokraten Barack Obama

Барак Обама

Обама лобира за пакетот мерки

Во конјунктурниот пакет не се предвидени само инвестиции за економијата, туку и зголемување на надоместот за невработените, како и исплата на здравствено осигрување за оние кои ги загубиле работните места. Републиканците во Сенатот пробаа да сторат се' за да се спречи усвојувањето на предлог пакетот. Тие во принцип, не се против конјунктурната програма, но наместо инвестиции, на пример, бараат поголеми даночни олеснувања. Претседателскиот против кандидат на Обама, републиканецот Џон Меккејн изјави. „Господине претседателе ако овој законски пакет биде изгласан, тоа ќе биде лош ден за Америка,“ рече Меккејн.

Претседателот Обама во последниве денови презема вистинска медиумска офанзива за лобирање за пакетот мерки. Тој апелираше до Конгресот брзо да го изгласа. Ако мерките се одложат, се закануваат големи последици, кои тешко ќе може да се совладаат, порача Обама. Тој исто така нагласи дека не може да вети дека пакетот тежок 800 милијарди долари ќе го има посакуваното дејство, но ако не се преземат итни мерки економската криза ќе се влоши и милиони Американци ќе бидат уште потешко погодени. Според процедурата, откако Сенатот ќе го изгласа пакетот мерки, тој ќе треба да се усогласи со пакетот кој веќе претходно го усвои Горниот дом. Претседателот Обама очекува законот да го потпише до следниот понеделник.