1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Позитивни сигнали од самитот на ЕУ

На пролетниот самит на шефовите на држави и влади на ЕУ, што се одржа во Брисел, е постигнат успех во неколку сфери. Прво, по прашањето на антитерористичката борба, каде се донесени пакет мерки. Потоа по прашањето на европскиот устав, каде исто така се исцртува согласност до јуни. И, конечно во делот на економската политика, Европејците исто така ги стеснуваат редовите. Бернд Ригерт коментира: самитот испраќа

Германскиот канцелар Герхард Шредер на самитот на ЕУ

Германскиот канцелар Герхард Шредер на самитот на ЕУ

охрабрувачки сигнали.

Конечно позитивни вести од Брисел. Самитот на ЕУ донесе решавачки напредок во усвојувањето на новиот европски устав, кој на поголемата унија треба да и даде посоодветна рамка. По повеќемесечен застој, шефовите на држави и влади се натераа да си постават себеси краен рок до јуни. Ваквиот пресврт е можен пред се поради пресвртот во Шпанија, каде победија социјалистите, кои не гледаат проблем во решението за двојно мнозинство гласови од државите и населението, во идните рудни гласање во унијата. Без Шпанија, и Полска веќе не сакаше да се држи до мртвиот договор од Ница, за чии предности за средно големите земји, полските политичари до пред неколку недели беа подготвени, симболично речено, да умрат.

Во ЕУ се случи забележлив пресврт, кој за жал не дојде одвнатре, од сопствената политичка мудрост, туку беше поттикнат однадвор. Терористичките напади од Мадрид силно ја потресоа унијата. Нападот на Ал Каеда врз Европа се разбира донесе нова решителност на полето на анти-терористичката борба. Беше донесена долга листа мерки, но шефовите на држави и влади мора самокритички да признаат дека унијата веќе две години, од нападите на 11 септември, работеа на голем дел од тие мерки.

Сега конечно е сериозно. Дали ако тајните служби на земјите на ЕУ подобро соработуваа и разменуваа информации за екстремистите ќе можеа да бидат спречени нападите во Мадирд? Којзнае. Сега договорената засилена соработка на тајните служби и на полициските власти за жал има повторно само апелативен карактер. Недостигаше храброст за голем пресврт, за основање супра-национална тајна служба на ЕУ.

Многу хартија и малку дела, во последните години се продуцирани и кај третата тема на самитот, заедничката економска политика. Во 2000-та година, шефовите на држави и влади, во Лисабон, донесоа заклучок за десет години Европа да се најде на врвот во светот по иновации, пораст и истражувања. Четири години потоа, мораше да се прочита критичкиот извештај на Европската комисија, според кој само еден ситен дел од заклучоците е и навистина реализиран во земјите членки. Германско-француско-британскиот предлог за подобрување на европската конкурентност со инсталирање суперкомесар за економија, наиде на многу скепса кај малите земји членки. Германија и Франција, како најголеми земји во ЕУ треба подобро да се погрижат да си ја подобрат конјуктурата, да си стават ред во државните финансии и да ги зголемат инвестициите во образованието. Тоа веќе автоматски би поттикнало остварување на голем дел од Лисабонските цели. И, новиот европски устав, ќе ги доближи економските политики на државите членки.

Шефовите на држави и влади сакаат придвижување и во економската политика, како кај уставот и анти-терористичката борба. Тие се определени за рефроми и структурен пресврт.

И покрај сенката што врз пролетниот самит на ЕУ ја фрли 11 март, од него сепак, генерално, произлегуваат позитивни сигнали.

Бернд Ригерт