1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Позитивни сигнали од Блискиот Исток

Израелската влада најавува одмрзнување на дел од палестинските финансии и ослободување на палестински затвореници.

Абас и Олмерт

Абас и Олмерт

По срдечната средба на палестинскиот претседател Абас и израелскиот премиер Олмерт, израелската влада ја разгледува можноста да им ослободи стотина милиони долари на Палестинците кои директно треба да ги добие палестинскиот народ, а како гест на добра воља за примирјето да се ослободат и дел од палестинските затвореници. Мири Елсин, портпаролот на израелската влада појасни дека парите нема да ги добие владата на Хамас, туку населението:

“Фактот дека имавте избори не значи дека Палестинците имаат демократска влада. Знаете дека така мисли секоја демократска држава. Имате влада која не сака да соработува со меѓународната заедница и која не го признава израел. Тие одбиваат да ги спроведар договорите меѓу Израел и претходните палестински власти. Меѓународната заедница веднаш по доаѓањето на власт на Хамас постави правила дека нема финансии за нив. Израел игра по тие правила и ви вела владата на Хамас нема да добие пари”.

Израелскиот премиер Олмерт потврди дека во наредните денови ќе има нов состанок на кој ќе се разгледа можноста за ослободување палестински затвореници и тоа пред муслиманскиот празник Ел Адха кој почнува меѓу 31 декември и 2 јануари.

И близок соработник на палестинскиот претседател Абас изјави дека средбата меѓу Олмерт и Абас е прва од низата и дека на средбата биле постигнати договори по неколку прашања.Но, Набил Абу Рдаин не сакаше да дава други детали.

ЕУ ги поздрави овие вести и најави целосна поддршка на процесот.