1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Позитивни сигнали за Македонија од Берлин

Гинтер Глосер од германското МНР и пратеникот Мартин Штибген ексклузивно за Дојче Веле зборуваат за начинот на кој што Македонија може да се ослободи од визите. Во Берлин беше македонскиот вицепремиер, Ивица Боцевски.

default

Вицепремиерот Ивица Боцевски задоволен од политичките средби во Берлин

Вицепремиерот на македонската влада задолжен за европски прашања, Ивица Боцевски, по дводневните политички разговори во Берлин изјави: "Темелно ја избрифиравме германската страна за приоритетите на македонското европско интегрирање во 2009 година. Фокусот го ставивме на организацијата на фер и демократски избори, процесот за визната либерализација и можностите за користење на ИПА Фондовите. Чест е во Берлин да се чуе германското мислење и тоа дека може да сметаме на германска поддршка за евроинтегративниот процес на Македонија, како и на потврдата за европската перспектива за целиот регион на Западен Балкан” - нагласи Боцевски за Дојче Веле.

Потврдена поддршка

"Германија и во минатото повеќе пати ги подвлече европските перспективи на Западниот Балкан и на Македонија. Но, секоја земја ќе биде вреднувана поединечно - според сработеното. Јас јасно кажав дека е потребно Македонија да ги сработи темите, коишто ги истакна Европската комисија во извештајот за напредок.

Auswärtiges Amt

Таблата на влезот во Министерството за надворешни работи во Берлин

Со тоа земјата ќе покаже дека навистина направила исчекор напред. Но, важен е и политичкиот развој во земјата, вистински сигнал за ова ќе бидат престојните претседателски и локални избори” - истакна по разговорите со Боцевски, државниот министер во германското МНР, Гинтер Глосер.

Визна либерализација

Тема што беше присутна на сите разговори беше укинувањето на визниот режим за македонските граѓани. За ова Глосер со следниот коментар: "Свесни сме дека прашањето за визна либерализација е од посебна важност за граѓаните од Западен Балкан. Според она што го слушам од Европската комисија, Македонија во овој домен има постигнато многу. Доколку една земја има индивидуелни достигнувања, тогаш има големи шанси до крајот на годината да може да се донесе позитивна одлука за ослободување од визи”.

"Сметам дека е оправдано барањето на Македонија и за тоа ќе дискутираме и во комисијата - доколку земјата ги исполнува пропишаните технички услови, да добие и ослободување од визниот режим.

Deutschland NS-Zeit Bauten in Berlin

Зданието на Министерството за надворешни работи

Не можам да ветам, дека ова краткорочно ќе се оствари, но дадовме збор дека априлскиот извештај на Европската комисија детално ќе го провериме. За него ќе дискутираме и со сојузниот минстер за внатрешни работи и доколку критериумите се исполнети, ќе го поддржиме ослободувањето од визите за македонските граѓани“ - смета и Михаел Штибген, пратеник на ЦДУ во Бундестагот и претседател на работната група за ЕУ.

Проблемот со името да се стави на страна

Штибген, кој забележа дека со Боцевски разговарал без ракавици и дипломатски флоскули, се осврна и на најгорливиот проблем што го има Македонија со Грција.

"Во спорот околу името ние директно малку може да сториме.Тоа е тема која треба да ја расчистат двете земји. Но, ја сметам за добра стратегијата на владата спорот и дискусиите околу името да се стават настрана и да не ги попречуваат актуелните прашања,, како визното ослободување или евроатлантските интеграции. Зашто, за да се дојде до решение околу името - треба многу повеќе време”.

Дека сепак времето не треба да се губи смета и Гинтер Глосер, кој апелираше до двете страни што поскоро да дојдат до решение!

DW.COM