1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Позитивни реакции на изборите во Ирак

Во светот текот на изборите во Ирак е примен позитивно. Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан изјави дека сега е време за нов устав во чија подготовка мораат да учествуваат сите. Американскиот претседател Џорџ Буш на Ирак му вети поддршка на сите нивоа. Британскиот премиер Тони Блер смета дека изборите се удар против тероризмот во целиот свет, а германскиот министер за надворешни работи Јошк

Храбро во Ирак: во редици да се предаде ливчето за својот кандидат.

Храбро во Ирак: во редици да се предаде ливчето за својот кандидат.

а Фишер, слично како и претседавачот на Унијата Жан Аселборн во Брисел ја истакнаа храброста на избирачите и покрај застрашувањата да излезат на гласањето.

Во САД пријатно се изненадени од текот на изборите во Ирак. Претседателот Џорџ Буш изборите во кусото ТВ-обраќање ги оцени како исклучително успешни:

“Луѓето во Ирак му се обратија на светот, а светот го слушна гласот на слободата од центарот на Блискиот исток. И покрај големите ризици, излегоа во голем број на изборите потврдувајќи го својот ангажман за слободата и јасно ја одбија антидемократската идеологија на бунтовниците“.

Неговата министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс запраша:

“Дали пред три години кога Садам Хусеин се уште беше на власт, некој веруваше дека толку луѓе ќе излезат на избори за да ја искажат својата желба за демократски, стабилен и мирен Ирак“?

Најблискиот сојузник на американскиот претседател, британскиот премиер Тони Блер синоќа во Лондон изјави:

“Демократијата во Ирак не е добра само за Ирак. Таа истовремено погодува во срцето на глобалниот тероризам кој се заканува со уништување не само на Ирак, туку и на Британија, како и на секоја друга голема земја во светот“.

Кај министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, задоволни лица. Шефот на дипломатијата на Луксембург кој претседава со Унијата, Жан Аселборн на почетокот на денешното заседание изјави:

“Се восхитувам на храброста на ирачкиот народ кој под опасни услови, направи решавачки чекор на патот кон правна држава. Тоа е важен знак пред подготовката на уставот“.

За уставот што треба да го подготви сега избраниот паралмент, предвидено е да се гласа во октомври. Германскиот министер Јошка Фишер по тој повод повика во договарањата околу него да учествуваат сите етничко-религиозни групи, значи и Сунитите. Излез од кризата не е можен, ниту со избегнување на разговорите, ниту со насилство. Специјалниот евро-претставник за надворешна политика Хавиер Солана им честиташе на избирачите во Ирак, но изјави дека малото учество на Сунитите е сериозен проблем. Министрите денеска во Брисел ќе разговараат за натамошната помош во обновата на Ирак. ЕУ годинава има намера да потроши 200 милиони евра, додека земјите-членки вкупно ветија милијарда ипол.