1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Позитивни реакции во Германија

Согласноста на шефовите на држави или влади на 25-те земји членки на Европската унија за заедничкиот устав, во Германија наиде на големо одобрување.

Зградата на Европскиот парламент

Зградата на Европскиот парламент

Претставници на политиката и стопанството уставот го оценуваат како знак за надеж за натамошното европско единство. Претседателите на држави или влади доцна вечерта во петокот во Брисел се согласија со предлог-текстот кој свечено ќе биде потпишан наесен, веројатно во Рим каде што пред 46 години со Римските договори беше поставена основата за заедничка Европа.

Германскиот канцелар Герхард Шредер усвојувањето на компромисниот текст го оцени како историско решение:

“Ова е вистина историско решение, без оглед колку тешко дојдовме до него. Тоа што го постигнавме на таков начин на крајот покажува вистинска пресвртница. Европа со овој устав стана поединствена и политички поефикасна“.

Министерот за надворешни работи Јошка Фишер вели дека станува збор за голем ден за Европа:

“Сега имаме принцип на двојно мнозинство со пропорции 55 спрема 65 и тоа е јасно постигнување што можам секому да му го објаснам“.

Претседателката на Демохристијанската партија Анегла Меркел исто така го поздрави усвојувањето на Уставот:

“Тоа беше добар ден за Европа зашто се успеа да се усвои уставот. Тој претставува нешто како основачка повелба за натамошниот развој на обединета Европа“.

Шефот на либералите Гидо Вестервеле со слична оценка:

“Ова е историски чекор за цела Европа. Тој им обезбедува на Европејците права и обврски и тој претставува напредок на патот кон европската интеграција“.

Претседателот на Социјално хирстијанската унија и премиер на Баварија Едмунд Штојбер:

"Ова е подобро од она што го имавме. Пред се се ограничуваат настојувањата за централизација што ја следеа многумина во Европа“.

Претседателот на централниот комитет на германските католици Ханс Јоахим Мајер изјави дека со предвиденото повикување на културните, религиозните и хуманистичките вредности на христијаните им обезбедува почетна точка што може да се обележи како религиозна за христијанското наследство:

“Жалам што недостига Бог, но текстот на уставот ја дефинира Европа како заедница на вредности и сега мораме да разговараме за тоа кои се тие вредности. Христијаните ќе учествуваат во таа дебата за стварноста на Европа решавачки да биде обележана со христијанските вредности“.