1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Позитивни пораки од Минхен за приемот на Македонија во НАТО

Генералниот секретар на Алијансата Јаап де Хооп Шефер во обраќањето на 44-та меѓународна конференција за безбедност, ги подржа Хрватска, Албанија и Македонија во намерите да му се приклучат на Пактот

default

Пред хотелот каде се одржува конференцијата во Минхен

Шефер изрази надеж дека овие земји ќе добијат покана за приклучување кон НАТО , на Самитот на Алијансата во Букурешт во април „Важно е да создадеме нова динамика на Балканот. Затоа се надевам дека ќе бидеме подготвени да ја отвориме вратата на НАТО за нови членки од овој регион, на самитот од 2 до 4 април во Букурешт- изјави Шефер на конференцијата во Минхен , која се смета за најважната неформална средба на оваа тема во светот.
На приемот на нови членки во Алијансата во обраќањето пред учесниците на собирот во Минхен се осврна и германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг . Тој исто така истакна дека Самитот во Букурешт ќе донесе одлуки за проширување . Германскиот министер притоа порача дека НАТО не е само воен сојуз , туку и алијанса на вредности , и оти новите членки треба да ги прифатат овие вредности како сопствени . Јунг ги повика земјите апсиранти за членство во Алијансата да не се опуштаат во своите реформски напори. „Токму затоа сум оптимист кога станува збор на пример за перспективата на Хрватска , но сметам исто така дека би можело да има перспектива и за Албанија и Македонија . Се надевам дека притоа нема да има проблеми поради прашањето за името “ „Приемот на нови земји би требало да ја подржи и засили Алијансата во оваа нејзина улога. Само на тој начин ќе добиеме долгорочна стабилност., И токму затоа перепктивата за членство во НАТО во блиска иднина за Хрватска , Македонија и Албанија нема да им донесе повеќе безбедност само поединечно на овие држави туку и на регионот во целина““ И други оптимистички најави Покрај од Минхен оптимистички најави за приемот на трите земји од Јадранската група во НАТО на Самитот во Букурешт стигнаа и од Курт Волкер, службеник во Стејт департментот задолжен за политиката на НАТО. Американскиот претставник имено изјави дека очекува Алијансата во Букурешт да ги повика Хрватска Албанија и Македонија да и се придружат . Инаку конференцијата во Минхен официјално започна утрината под мототот Светот во неред, недостиг на стратегии,а прв говорник беше турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан. Пред околу 350-те учесници на конференција, турскиот премиер подвлече дека приемот на неговата земја во ЕУ би бил позитивен сигнал за целиот муслимански свет. На конференцијата во Минхен ќе учествува македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Тадиќ предупреди од ескалација Инаку Синоќа пред учесниците на конференцијата во Минхен се обрати српскиот претседател Борис Тадиќ. Тој предупреди од ескалација ако дојде до еднострано прогласување независност на Косово. Мора повторно да се преговара, зашто тоа е единствен начин за решавање на несогласувањата во Европа во 21-от век,беше дециден Тадиќ: Ако во наредните недели не дојде до такви преговори, се плашам дека сите три страни ќе платат недопустливо висока цена, а тоа никој од нас не смее да си го дозволи, рече Тадиќ.

Неговата земја не може да прифати никакви поделби ниту пак изолација. Решавачка институција за процесот за решавање на статусот на Косово се ОН.