1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Позитивни очекувања за македонската економија

*

Македонската економија во наредните две години ќе се движи во позитивна насока, се вели во прогнозата на ЕК во Брисел. Проценките се дека земјата ќе забележи намалување на невработеноста, надворешниот долг, како и зголемување на странските инвестиции и општествен раст. Добрата економска прогноза според Комисијата се должи на преземените структурни мерки за подобрување на бизнис климата во земјата. Европската банка за обнова и развој во денешниот извештај за напредокот во транзицијата, на Македонија и додели оценка 3,2, или нешто над просекот. Македонија е четврта во регионот зад водечката Хрватска по која следуваат Романија и Бугарија.