1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Позитивни оценки на резолуцијата на Европскиот парламент

Извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ позитивно се оценува во Скопје, како од страна на властите, така и експертите.

default

Македонија на патот кон ЕУ

Властите во Скопје изразуваат особено задоволство што Европскиот парламент позитивно ги оцени спорведените реформи и силната определба на политичкото раководство на Македонија за евроинтеграција.

За Македонија е позитивно што парламентот укажува дека земјата иако има статус на кандидат, сеуште не ги започнала преговорите и бара од Европскиот совет врз основа на постигнувањата по осумте одредници кои ги соопшти Европската комисија на својот нареден самит да го разгледа постигнатиот напредок и доколку е можно да донесе одлука за датумот за почнување преговори.

Во врска со одредбата што го поставува решавањето на грчко - македонскиот спор како услов за добивање датум, властите во Скопје велат дека не се изненадени. Премиерот Никола Груевски вели „Тоа не е нешто неочекувано. Јас уште во ноември мината година, значи шест месеци пред самитот на НАТО, изјавив во неколку наврати дека проблемот со името практично во тој момент стана единствен проблем за прием во НАТО и очигледно тоа ќе се провлекува понатаму, кога станува збор за ЕУ. Владата ќе настојува и понатаму да најдеме некое решение, доколу е можно, во рамктие на можното и во рамките на она што се вика црвана линија за Република Македонија. Нашите позиции ги знаете и тука не би се повторувал.“

Македонија посебно ја поздравува определбата на Европскиот парламент, да ги повика Европската комисија и државите членки на Унијата без одлагање да го финализираат и да го спроведат патот за целосна либерализација на визниот режим на Европската унија кон Република Македонија.

Оптимисти се и експертите, и тие позитивно го читаат извештајот на европарламентот, особено како патоказ по којшто Македонија забрзано треба да се движи во наредните месеци.