Позитивни оценки за македонската економија | Економија | DW | 06.11.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Позитивни оценки за македонската економија

По двонеделна контролна мисија тимот на Меѓународниот монетарен фонд со позитивни оценки за македонската економија си заминува од Скопје.

ММФ во Вашингтон

ММФ во Вашингтон

Зацртаните макроекономски цели за 2006 се исполнети, поставени се задачите и проекциите за наредната. Стабилна макроекономска политика, умерен раст, ниска инфлација. ММФ ги поддржува структурните реформи и мерките што ги презема Владата за јакнење на вкупната економија.

Оптимистички очекувања

Очекувањата на министерот за финансии Трајко Славевски се оптимистички. „ММФ ја поддржува даночната реформа што Владата ќе ја спроведе од почетокот на идната година. За неколку месеци Македонија ќе биде најатрактивна за инвестирање според висината на даночното оптоварување. Очекуваме невработеноста да започне и реално да се намалува“.

ММФ ги подржува целите на Владата

Фондот очекува во 2007 да продолжи спреоведувањето на сруктурните реформи и подобрувањњето на бизнис климата. Тоа во комбинација со макроекономската стабилност ќе даде резултати вели шефот на ММФ за Македонија Марк Грифитс, но македонските граѓани за жал нема да можат да ги почуствуваат веднаш.

“Во својата економска програма Македонската Влада има за цел постигнување на одржлив висок економкси раст, зголемување на вработеноста и ниска инфлација со цел двојно да го подгине животниот стандард на граѓаните во наредните 10 до 12 години. Мисијата на ММФ ги поддржува овие цели“, изјави Грифитс.

Денарот останува стабилен

И во следната година нема остапки од досегашната монетерна политика, денарот останува стабилен, најави гувернерот на Народната Банка на Македонија Петар Гошев. „И наредната година ќе се води политика на стабилен девизен курс на денарот, која ќе биде поддржана со адекватно ниво на девизни резерви“.

На среден рок амбициозните планови на Владата предвидуваат раст на бруто домашниот производ меѓу шест и осум проценти, а веќе во наредната година девизните резерви да достигнат милијарда и седумстотини милиони долари. Најголемите ризици во 2007 што ги детектираа мисијата на ММФ и Владата се во енергетскиот и во здраствениот сектор.