1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Позитивни оценки за Македонија

Македонија ќе добие позитивни оценки во извештајот на инспекцискиот тим на НАТО. Шефот на тимот Колстон индиректно кажа дека Македонија најверојатно ќе мора да партиципира со повеќе војници во мисијата во Авганистан.

Колстон и Груевски во Скопје

Колстон и Груевски во Скопје

Македонија постигнува задоволителни реформски капацитети во одбраната, иницирани се клучни промени во судството, борбата против органзираниот криминал – Овие оценки ќе бидат дел од позитивниот извештај на инспекцискиот тим на НАТО кој три дена ги рецензираше македонските политички и економнски перформанси. „Ние како влада сме задоволни од она што излезе како порката од Рига и тоа за нас е истовремено и голема обврска, одговорност и чест што имаме таква шанса да во оваа година која е клучна за Македонија за НАТО ги завршиме најголемите и потребните активности што се потребни за Република Македонија да биде прифатена за полноправен член на НАТО алијансата. “ рече македонскиот премиер Никола Груевски по завршните раговори со тимот на НАТО.

Шефот на НАТО мисијата кој престојуваше во Македонија, Џон Колстон со симпатии говореше за македонската политика на регионална соработка, контактите со КФОР на Косово. Во истовреме со завршните разговори Колстон Груевски, во Брисел шефот на македонската дипломатија Антонио Милошовски ќе се соочи со барање за зголемено учество на македонските војници најверојатно нови стотина во мисијата на НАТО во Авганистан.

„ НАТО ги поздравува придонесите во мисијата во Авганистан и ослободувањето од сите ограничувања што македонската влада неодамна ги укина.“ рече гостинот од Брисел. Џон Колстон помошникот на Јаап де Хоп Шефер позитивно ја оцени подршката на владата во парламентот и меѓу народот. Но за разлика од вчерашните сугестии за поинтензивен дијалог власт опозиција иако претходно разговараше со сите парламентарни групи денеска не го повтори тоа инсистирање.

„ Тоа беше дел од мојата дискусија во која што кажав дека правиме и ќе правиме напори за интензивирање на политичкиот дијалог.“ премиерот Груевски кусо одговори, дали владатат е под силен пристисок на западните дипломати за дијалог со македонската опозиција.

Лидерот на СДСМ пак денеска со јавна понуда до владејачкото мнозинство. Ќе дадат поддршка за деловникот ако се применува од наредната година, ќе гласаат за уставните промени за задолжително средно образование доколку владата создаде услови „Ќе ги прекинеме шпекулациите за тоа дали една партија е за или против политичкиот дијалог. Партија која не сака да има политички дијалог нема да даде вакви предлози.“

Во овој пакет на понуда на лидерот на Социјалдемократите, Радмила Шеќеринска ги смести и барањата за промена на парламентарната комисија за етнички односи која решава за примена на Бадентеровото мнозинство. Неговотот суспендирање кај клучните закони што беа донесени во парламентот ги иритираше ДУИ и челникот на Интегративците Али Ахмети кои најавија бојкот на парламентот.