1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Позитивна фудбалска 2009

Германскиот репрезентативен фудбал во машка и во женска конкуренција на спортски план имаше успешна година. Позитивниот биланс во 2009 беше засенет од една човечка драма.

default

Мирослав Клозе со салто го прослави победничкиот гол против Русија, кој и обезбеди пласман на Германија на СП 2010

Фудбалската 2009 за германскиот репрезентативен фудбал заврши со една трагедија. Роберт Енке, кој имаше добри шанси да брани за машката репрезентација на Светското првенство оваа година на 10 ноември изврши самоубиство:

„ Кај нас владее неверување, молк и по малку беспомошност“

Ваква беше реакцијата на менаџерот на репрезентацијата, Оливер Бироф. Енке со години страдаше од депресија, која успешно ја криеше од очите на јавноста. Во германскиот и во интернационалниот фудбал 32-годишниот капитен на Хановер уживаше голем респект.

„Извонреден млад спортист, успешен фудбалер, почитуван од многу клубови. Млад човек со добар карактер кој оставаше супер впечаток кај луѓето со скромното однесување. Зошто тогаш тој е во ваква безизлезна ситуација“, реагираше претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Тео Цванцигер.

Hannover 96 Torwart Robert Enke

Смртта на Роберт Енке предизвика шок во цела Германија

Вистинска комбинација од млади и искусни играчи

На спортски план 2009 за машката репрезентација мина во знакот на квалификациите за Светското првенство во Јужноафриканската република. На крајот се се’ сведе на решавачкиот меч на 10 октомври во Москва против главниот конкурент во групата Русија.

„Сега можеби со Езил. Добро одиграно. Езил е слободен додава во средина, Клозе, гол. Гол за Германија. Ова е неверојатно“

Германија среќно победи со 1:0. Покрај Клозе одлучувачка улога имаше и голманот Рене Адлер:

„ Тоа што мене лично ми одеше толку добро, ме прави неверојатно среќен. Не знам што да кажам. Ова веројатно беше најемоционалниот натпревар во мојата кариера“.

Селекторот Јоаким Лев успеа да ја најде вистинската комбинација од млади и искусни играчи:

„ Многу сум горд на екипата, истотака и на постарите играчи кои се истакнааа со нивното искуство и зрачеа со храброст. И горд сум на младите играчи кои ги интегриравме во екипата. Се’ на се’ една многу мада екипа“.

Рекордна седма титула

Успешна година имаше и германската женска фудбалска репрезентација. Во финалето на Европското првенство во Финска противник и беше Англија:

Deutschland Frauenfußball EM 2009 Ankunft in Frankfurt

Фудбалерките на Германија ја прославуваат титулата во Франкфурт

„ Сега можеби шанса за Германија. Биргит Принц е во казниениот простор, шутира и топката е во голот. 1:0 за Германија“

„Овојпат во вистински момент ги постигнавме головите. Англија постојано фаќаше приклучок, но ние постојано го зголемувавме водството. А тоа многу деморализира една екипа“ , изјави Бригит Принц, која постигна два гола против Англичанките. На крајот резултатот гласеше 6:2 и Германија по седми пат стана Европски првак. Тајната на успехот ја открива репрезентативката Симоне Лаудер која игра во средниот ред:

„ Германската репрезентација е силна репрезентација. Составени сме од многу млади талентирани фудбалерки , кои се обединуваат и комбинираат со старите искусните. Се надевам дека на Светското првенство во Германија во 2011 ќе бидеме први и можеби уште еднаш ќе освоиме злато на Олимписките игри во Лондон во 2012 година“ .

Автор: Арнулф Бечер/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска