1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Позитивен биланс со прашалник

Двонеделната конференција на ОН за заштита на разновидноста на биолошките видови во Бон заврши со усвојување пакет мерки за заштита на природата и еколошките системи.Во средиштето беше борбата против биопиратеријата

default

Нужно е инвестирање во заштита на природата, конференцијата во Бон

Шеснаесет дена околу 6 илјади учесници од 191 земја од светот дискутираа пред крајот на конференцијата да може да биде означен за успешен, иако очекувањата беа поголеми. Договорени се критериуми за формирање на мориња како заштитени зони. На согласност наиде иницијативата на Германија за подобра заштита на тропските шуми. Земјите во развој во иднина можат да се надеваат да добијат финансиски надомест ако западните претпријатија ги користат нивните природни ресурси за своите производи. Затоа беше задоволен и домаќинот на конференцијата, германскиот министер за екологија Зигмар Габриел

„Ова не е крај, напротив, работата започнува в понеделник. Се разбира, ова се помалку отколку што мораше да се направи сразмерно со проблемите. Но, кога треба да се постигне согласност меѓу 191 земја, тогаш се нужни мали чекори, така ќе се приближуваме до нашите цели,а тоа е 2010 година. Важно е што во овој правец одиме сите заедно, потенцира германскиот министер за екологија.

Еколозите не се задоволни

До следната средба во Јапонија по две години треба да се договори и потпише обврзувачки документ против биопиратеријата. Треба да биде зголемен и бројот на природни резервати, но финансиската помош не е договорена, што е повод за критика од екологистите. Штефан Круг од Гринпис:

„Имам разбирање што една земја домаќин се обидува се‘ да претстави во розова светлина. Но, ако се погледне вистинскиот биланс, тој е отрезнувачки и не може да се зборува за успех. Темпото кое го постигна оваа конференција е далеку зад она со кое се врши уништување, тоа го гледаме уште денес. Многу се зборуваше, но богатите земји потфрлуваат кога треба да се дадат пари, вели Круг.

Исклучок беше ветувањето на германската канцеларка Ангела Меркел од повеќе стотици милиони евра за глобалната заштита на тропските шуми. Сега овој пример би требало да го следат земјите од Г8.




DW.COM