1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

„Поздрави“ и подолги камиони

На 63. Меѓународен саем за стопански возила во Хановер, има над 1700 производители од 42 земји. По катастрофалниот пад во меѓународната логистика во екот на светската економска криза, во браншата се враќа самоувереноста.

default

Производството во првите осум месеци од годинава во Германија е зголемено за 44 проценти во однос на истиот период лани и достигна 213 илјади возила. Добро повлече и извозот со скок од 40 проценти. Германските производители се опоравија од двегодишната катастрофална криза четири пати посилно, отколку просечно другите во светот во браншата на стопански возила.

„Целокупното светско производство, лесни и тешки стопански возила заедно, годинава ќе порасне за десет проценти и ќе изнесува 11,7 милиони возила“, укажува Матијас Висман, претседател на Здружението на германската автомобилска индустрија.

Во првите осум месеци германските производители регистрираа пораст од 135 проценти кај нарачките од странство за тешки возила и од 43 насто за помали камиони и транспортери. Сепак, бројките се толку спектакуларни оти претходно падот беше драматичен, вели Висман и аргументира:

„Во 2008 производството на стопански возила во Западна Европа имаше волумен од 2,3 милиони. Со очекуваните 1,4 милиони годинава се’ уште ќе бидеме 40 проценти под нивото од 2008“.

Се очекува пораст од 14%

Германските производители годинава очекуваат пораст од

IAA Internationale Nutzfahrzeuge Messe Hannover 2010

Внатрешноста на еден камион на Волво изложен во Хановер

14 насто на домашниот пазар, но профитираа особено силно од бумот на пазарите во земјите во забрзан подем како Кина, Бразил и Индија, иако таму мораат да се борат и со силна конкуренција. Според една студија на Универзитетот Дуизбург-Есен, кинеската фирма „Беиќи Фотон“ со 580 илјади произведени возила лани го потисна од челната позиција во светски рамки концернот „Дајмлер“ од Штутгарт, кого кризата посебно силно го погоди и произведе 150 илјади возила помалку.

„Ние, се разбира, и натаму ќе се бориме за нашиот ранг во индустријата на стопански возила со иновации и со незапирлив елан - и ќе имаме успех“, убеден е Висман.

Производството на автобуси во надолна линија

Саемот во Хановер треба да ја истакне иновативната сила на германските производители. На очекуваните двесте

IAA Internationale Nutzfahrzeuge Messe Hannover 2010

Хибридниот погон е во фокус

илјади посетители им се прикажани 272 иновации. Во фокусот се алтернативни погони - од хибридни, до електрични стопански возила. Кај особено тешките камиони за превоз на стока на долги релации се нуди комбинација од економични и еколошки почисти дизел мотори и поголема должина на возилата.

„Во основа цел е со два камиона да се пренесе ист товар како досега со три. Со тоа ќе се штеди и кај горивото, како и кај емисиите на јаглероден диоксид“, објаснува претседателот на Здружението на германската автомобилска индустрија Матијас Висман.

Проблематична останува ситуацијата на производителите на автобуси. Кризата не е надмината, падот на производството и извозот продолжува и годинава.

Автор: Рихард Фукс / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска