1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Поздравено формирањето ирачка влада

Американската влада го поздрави формирањето нова преодна ирачка влада. Согласноста за претседателот Гази ел Јавар и неговиот кабиент е голема заслуга на пратеникот на Обединетите нации Лакдар Брахими и покажува дека Ирак е во состојба сам да ја определува сопствената политичка судбина.

Новиот ирачки петседател Јавар доби поддршка од САД

Новиот ирачки петседател Јавар доби поддршка од САД

Претставник на бушовата влада најави дека новата преодна влада ќе биде вклучена и во преговорите за новата резолуција на Обединетите нации. Претседателот Џорџ Буш изрази оптимизам дека новата влада ќе претпочита американските трупи и натаму да останат во земјата. Претседателот Буш му се заблагодари на пратеникот на светската организација Лакдар Брахими кој лично беше одговорен за составот на новата преодна влада:

"По консултациите со стотици Ирачани од различни општетствени групации, Брахими состави тим кој располага со талент и со потребни разбирања да го води Ирак во претстојните предизвици“.

Буш посебно позитивно се изрази за новиот премиер Ијад Алави кој во својот прв говор вчера во Багдад им заблагодари на САД за нивниот ангажман во Ирак. Буш е убеден дека Ирачаните и во иднина ќе соработуваат со американксите сили.

Советничката за национална безбедност Кондолиза Рајс претходно им се спротивстави на извештаите според кои САД на местото на Јавар порадо би го виделе 81-годишниот Аднан ел Паџаџи познат по својот прозападен став:

“Можам да ви кажам дека САД не се определија за само еден кандидат за функцијата претседател. Едноставно, тоа не е вистина“.

Новото раководство на Ирак не е американска креатура, рече Рајс. Претседателот Буш пак, побара и еден ирачки претставник да биде вклучен во преговорите за новата резолуција на Обединетите нации. За тоа се изјасни и генералниот секретар Кофи Анан. На преговорите во Советот за безбедност ќе треба да се договори каква одговорност ќе има суверен Ирак за мисијата на странските трупи во земјата. Кондолиза Рајс тоа вака го формулира:

“Ирачаните секако ќе имаат контрола врз ирачките воени сили. Кога станува збор за операциите на мултинационалните сили тоа ќе се расчисти со новата влада. Но, мора да се биде реалистичен. Ние тоа го правиме со години во светот – од Босна до Авганистан. Знаеме како функционира тоа“.

Претседателот Буш уште изјави дека не очекува значајни дополнителни трупи на НАТО во Ирак, но очекува широка меѓународна поддршка.