1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Поздравено апсењето на Толимир

Поранешниот босанско српски генерал Здравко Толимир денеска треба да биде префрлен во судот за воени злосторства во Хаг. Толимир вчера беше уапсен на босанско српската граница. Толимир се смета за еден од најблиските соработници на шефот на Генералштабот на босанските Срби, Ратко Младиќ. Портпарол на хашкиот обвинител Карла дел Понте посочи дека тој бил еден од последните тројца обвинети за масакрот во Србереница кои сеуште се на слобода. Европската комисија го поздрави апсењето.