1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Поздравена одлуката за испраќање мировни сили во Дарфур

*

Одлуката на Советот за безбедност на ОН за испраќање на заеднички мировни сили на ОН и Африканската Унија во регионот Дарфур во Судан беше поздравена во меѓународната заедница. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун одлуката ја нарече историска. Франција и Австралија веќе ветија дека ќе испратат војници во мисијата додека Германија отфрли можност за испраќање свои војници во регионот. 26-те илјади мировници ќе треба да ги заменат постојните 7000 слабо опремени војници на АУ кои се наоѓаат во кризниот регион. Британскиот премиер Гордон Браун ја поддржа резолуцијата и предупреди од натамошни санкции доколку убиствата продолжат.