1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Поздравена најавата на Брисел

Потпретседателот на српската влада Божидар Ѓелиќ оцени дека најавата на европскиот комесар за проширување Оли Рен за продолжување на преговорите со Србија е одлична вест за државата.Србија,ако ги исполни условите за соработка со Хашкиот трибунал до крајот на оваа година би можела да го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.Рен ја најави оваа можност вчера во Берлин,кога со српскиот претседател Борис Тадиќ се сретна и германската канцеларка Ангела Меркел.Претходниот ден беше уапсен бившиот генерал Здравко Толимир,еден од блиските соработници на Ратко Младиќ во Република Српска.