1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пожар во руска атомска подморница во Мурманск

При гаснење на пожар што изби во една руска атомска подморница, повредени се девет лица. Сите имале труење од чад, но по лекарски третман се пуштени на домашно лекување.

default

Атомската подморница е можеби трајно оштетена

Во пожарот што изби во руската атомска подморница „Екатеринбург“ не била испуштена радијација, тврди руското министерство за одбрана. Се вели дека вредностите на зрачење се во рамките на дозволеното. На подморницата во времето на пожарот немало нуклеарно оружје. Двата реактора на подморницата биле исклучени уште пред пожарот и било отстрането нуклеарното и конвенционалното оружје што се наоѓало во неа. Според агенциски извештаи, пожарот избил за време на поправка на подморницата во едно пристаниште во Мурманск. Се запалило дрво што се наоѓало во работилницита во Росљаково и огнот потоа го зафатил надворешниот слој на подморницата. Надлежните власти соопштија дека штетите од пожарот се толкави, што не е сигурно дали подморницата воопшто ќе биде вратена во употреба.

Инаку, атомската подморница „Екатеринбург“ е долга 167 метри и широка 12 метри. Таа е дел од таканаречената втора генерација советски атомски подморници.

Автор: ЕМФ/дв/дпа

Редактор: Борис Георгиевски