1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пожарот се движи кон Националниот центар за атмосферски истражувања

Десетици илјади жители на сојузната американска држава Колорадо беа принудени да ја напуштат земјата поради проширените шумски пожари. Справувањето со огнот го попречува силниот ветер и високите температури.

Весникот „Денвер пост“ информира дека поради тоа 32.000 лица северозападно од Колорадо Спринг морале да заминат од своите живеалишта. Со пожарите е зафатена површина поголема од 20 квадратни километри. Само во мал дел од неа пожарот се држи под контрола.

Командантот на воздухопловната база издал наредба за евакуација на воените објекти во областа, се вели во соопштението од Воздухопловните сили. Северно од Денвер, 26 куќи беа евакуирани во вторникот попладне во Болдер, откако пожарникарите се бореа четири часа со огнот кој проголта 300 акри. Болдер е студентски град и има 100.000 жители, а се наоѓа на 45 километри од Денвер.

Според надлежните, пожарот се шири со голема брзина и се приближува до Националниот центарот за атмосферски истражувања, а против него се борат три

авиони и масивен C-130 воздушен танкер, затоа што пожарот е опишан како екстремно опасен.

САД во последните две недели се бори со пожарите кои зафатија неколку сојузни држави, меѓу кои Колорадо, Јута, Алјаска и Арканзас, а до сега огнот проголта повеќе од 300 домови.