1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Пожарникари како топ модели

Намерата да се купи нова пожарникарска опрема и недостатокот од средства натераа германски пожарникари да се разголат на календар. Со собраните пари ќе се купи камера за откривање лица во опожарени објекти.

За пожарникарите од Бад Лар важи: целосен ангажман на силните момци. Недоволно пари во буџетот - мотив за момците да се разголат, според мотото: „Пожарникарски нов топ-модел“, го опишува она што го направија неговите колеги пожарникарот доброволец Маркус Меленкамп.

Резултатот е нов календар на кој има пожарникари, но какви што досега не беа видени. Тиражот е илјада примероци, а цената на календарот е 10 евра. Целта на акцијата е собирање пари за набавување техника за откривање повредени луѓе во зачадени простории.

„Сакаме да купиме специјална камера за противпожарното друштво. А, патем, и луѓето ќе имаат што да видат. Една вечер еден од другарите рече: ’Момци, донесов нешто. Би сакале ли и ние да направиме еден ваков календар?’“, објаснува Меленкамп.

Идејата пожарникарите да позираат била на Томас Рогенкамп, по професија евангелистички свештеник. Пример за календарот тој нашол на интернет.

„Календарот што го донесов беше со малку послободни фотографии, отколку што е нашиот. На почетокот и реакциите на другарите беа воздржани. Еден грст од нив сепак се појавија на првото снимање. Откако ги донесов снимките од тој ’шутинг’, значително поголем број сакаа да учествуваат“, објаснува пожарникарот доброволец, Томас Рогенкамп.

Deutschland Fotoreportage Kehl am Rhein Feuerwehr

Од продадените календари ќе се купи специјална камера, која чини седум илјади евра

За оптимален резултат нешто мора и да се инсценира. На пример, телата на пожарникарите да се намачкаат со масло, а лицата да се нашминкаат како да се извлакани при гаснење на пожар. Позирањето траело со часови и било во режија на професионален фотограф.

Според стариот обичај на пожарникарите, и во оваа акција не учествуваа само младите. Со 58 години „Мистер јануари“ е најстариот пожарникарски пин-ап-модел.

„Ме фотографираа некои три-четириесет минути и... Те главата овде вака, те онде онака. Напорно е, мора да се каже. Тоа е навистина тешка работа“, објаснува пожарникарот доброволец Хуберт Попе.

Но, пожарникарите конечно по тоа се и познати: смели се и издржливи во соочувањето со посебни ситуаци, во случајов заради специјалната камера. Таа чини седум илјади евра и изгледа дека акцијата ќе донесе плод.

„Ги покривме трошоците за печатење, па сега парите од секој нареден продаден календар ќе бидат исклучиво за камерата. Се надеваме дека ќе ги продадеме преостанатите календари“, вели пожарникарот Томас Рогенкамп.

А, преостанаа уште седумстотини примероци од календарот. Тоа е доволно за камерата, ако тие се продадат до последниот примерок.