1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пожари – последици

*

ЕУ очекува последиците од пожарите во Грција да бидат огромни. Според проценките на евро-комесарот за екологија, Ставрос Димас, на погодените региони им се закануваат поплави поради тоа што дождовната вода веќе не може да пропаѓа во изгорената почва. Освен тоа, пожарите, поради големите количества јаглерод диоксид кој се испушта во атмосферата, се голем товар за климата. Димас ги повика Грција и Италија да почнат со повторно пошумување најбргу што е можно, за што би се добила финансиска поддршка од страна на ЕУ. Димас пледираше и за тоа да се засили улогата на унијата во борбата со огнената стихија, на тој начин што силите за брза реакција би се опремиле со авиони за гаснење пожари.