1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пожари во Јосемити - вонредна состојба за Сан Франциско

Пожарите во Калифорнија сѐ повеќе се прошируваат. Во меѓувреме го зафатија и Националниот парк Јосемити. Огнот се заканува да го попречи и снабдувањето со вода и струја на Сан Франциско.

Речиси една недела пожарите во калифорнискиот планински регион Сиера Невада во најголем дел се вон контрола. Огнените пламени во меѓувреме го зафатија и познатиот Национален парк Јосемити и се закануваат да го попречат снабдувањето со струја и вода на Сан Франциско. Гувернерот на оваа американска крајбрежна сојузна држава Џери Браун прогласи вонредна состојба за Сан Франциско, градот, кој е околу 320 километри оддалечен од местото каде беснеат пожарите. Две од трите електрани меѓутоа, кои се важни за снабдување на градот со електрична енергија во меѓувреме мораа да прекинат со работа. Надлежните власти во меѓувреме соопштија дека веќе биле настанати штети во струјната инфраструктура.

Waldbrände im Yosemite National Park geraten außer Kontrolle

Само мали успеси во борбата против пожарите

Опасност постои и за снабдувањето со вода за пиење на метрополата, која голем дел од водата ја добива од области во паркот Јосемити. Имено пожарите се приближуваат и до тамошното големо вештачко езеро.

Туристичките атракции не се загрозени во моментов

Вкупно повеќе од 400 квадратни километри шума изгореа во актуелните пожари. Досега само пет проценти од нив се ставени под контрола. Размерите во последните часови меѓутоа се удвоија.

Пожарите избија пред речиси една недела во шума западно од Националниот парк Јосемити. Причините засега не се познати. Во петокот пожарите премина на северозападниот раб на паркот Јосемити, кој е магнет за туристите од целиот свет. Долината Јосемити и нејзините спектакуларни гранитни карпи како и водопадите, кои секојдневно ги посетуваат речиси 15.000 туристи, досега не се загрозени. Посета на туристи и натаму е дозволена.

Waldbrände im Yosemite National Park geraten außer Kontrolle

Огромни шумски површини се загрозени од пожарите

Меѓутоа изминатите денови мораа да бидат евакуирани голем број на места и кампови во Сиера Невада. Стотици жители и туристи избегаа од пожарите. Загрозени се околу 4.500 домови. Во гаснењето на пожарите учествуваат повеќе од 2000 пожарникари. Специјалистите стравуваат дека пожарите би можеле да се пренесат во соседната сојузна држава Невада.

По зимата со мало количество дождови, ова лето во САД беснеат невообичаено голем број шумски пожари. Екстремната суша и ветровите уште повеќе ги поттикнуваат пожарите.