1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пожари во Средоземјето

*

Поради високите температури и топлиот ветер, не се гледа крајот на пожарите на југот од Италија. Посебно критична е ситуацијата на Сицилија и во регионите Кампанија, Калабрија и Апулија. Стотици луѓе мораа да бидат евакуирани, подеднакво како и туристите. Пожар со големи размери зафати околу 80 хектари борова шума и во кањонот на Тара, во Црна Гора. И на грчкиот полуостров Пелопонез еден пожар излезе од контрола. Пожарите бесенат во три места околу пристанишниот град Каламата.