1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пожари во Македонија

*

Големиот пожар во непосредна близина на Битола, кој синоќа однесе во смрт едно лице, а неколкумина се повредени е локализиран, но сеуште постои закана за негово ширење, соопштија од кризниот штаб. Битолскиот градоначалник Владимир Талевски изјави дека пожарот се шири кон северозападниот дел на градот. Во бробата со огнената стихија се вклучени три авиони и еден хеликоптер , а во акцијата учествуваат и околу 400 војници , локални противпожарни екипи и доброволци. По барање на владата на помош од Хрватска треба да пристигне и еден авион за гаснење пожари. Кабинетот на премиерот Груевски уште еднаш ги предупреди граѓаните да не палат оган на отворен простор и најави ригорозни казни за пиороманите. Во земјата во моментов беснеат 20-тина пожари од кои најкритични се оној во близина на хидроелектраната Козјак и оној кај Катланово .