1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пожари во Македонија

*

Во Македонија и натаму беснеат пожари во повеќе региони. Опозицискиот СДСМ ја обвини владата дека потфрлила во мерките за превенција на пожарите . Од оваа партија притоа предложија во ребаланосо на буџетот кој се наоѓа во собраниска процедура , дел од буџетските ставки да се пренаменат за зголемување на бројот на припадници на шумската полиција и противпожарните бригади како и за итна набавка на дополнителна опрема за справување со вакви кризи. Премиерот Груевски , кој вчера посети неколку локации каде што беснеат пожари истакна дека владата не задоцнила со интервенцијата за пожарите.