1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пожари во Македонија и регионот

*

Во Македонија на десетици локации сеуште се активни пожари. Досега според податоците се опожарени 3.000 хектари шуми, а направени се штети од над 30 милиони евра. Најголем е пожарот во пределот на планината Сува Гора кој се прошири кон неколку тетовски села. Огнената стихија се заканува и на националниот парк Јасен. На противпожарните служби, војската и локалното население им помагаат авиони и хеликоптери. Пожарите предизвикуваат огромни проблеми и во соседството. Во Грција се јавува за тројца загинати и неколкумина повредени. Властите во централниот дел на земјата прогласија кризна состојба. Критична е состојбата и на островот Шолта каде претпладнево од јужниот дел се евакуирани дел од локалното население и туристите. За разлика од југоисточниот дел на Европа, Велика Британија чии делови се поплавени е соочена со нови обилни врнежи од дожд. Вакво време на островот е незабележано од 1766 година.