1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пожарите и натаму се закануваат

Во Македонија денеска се очекуваат рекордни температури,а благиот ветер носи стравување од разгорување на нови пожари и проширување на постојните

default

Кризниот штаб во Битола во овие моменти проценува дали огнената стихија може да биде ставена под контрола до крајот на денот.На 40 степени,со благ ветер,услови поради кои градоначалникот стравува од непредвидливо ширење или разгорување на изгаснатите пожари.

„Пожарот на некој начин се шири на северозапад,таму се работи исклучиво за борова шума која што за жал е на многу недостапно место,времето и натаму е многу топло“,изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески.Најопасниот пожар во Битолско од утринава го гаснат три авиони,се очекува и хрватскиот Кандер да слета во Охрид и да се приклучи кон екипите за гаснење на огнот.Во гаснењето се вклучени над 900 војници како и стотина доброволци,затворен е патот од Битола кон Ресен,а во справувањето со 20-тината пожари кои зафатија 500 хектари главно шуми веќе се вклучува и дел од месното население.

Во Скопско избувна нов пожар,во опасност овојпат е Хидоелектраната Козјак,огнената стихија е на ридовите на 300 метри над објектот.Огнот кај Катланово тлее веќе четврти ден,но опожарените површини се под контрола.Ветерот развива нов пожар кај месноста Рудник кај Велес,а десетина пожари се регистрирани во Тетовско и Гевгелиско.Синоќа премиерот Никола Груевски,а утринава претседателот Бранко Црвенковски се меѓу луѓето на првите линии со пожарите во близина на Битола и во градот.Во Македонија се очекуваат инаку рекордни температури,до 46 степени,незабележано во последните пет децении.