1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пожарите во Русија не стивнуваат

Огненатата стихија во Русија не се смирува ниту денеска, и покрај тоа што надлежните успеаја да спречат натамошно ширење на пожарите. Москва е загадена од смог.

default

Авионите и хиликоптерите за гасење на огновите се деноноќно на терен. Во меѓувреме пристигна и меѓународна помош, Италија и Украина, на страната на Русија ја бијат битката со огнената стихија. На пат денеска се упатија и 160 пожарникари од Полска. Oпремени со специјални уреди, тие во наредните две недели ќе помагаат во гаснењето на пожарите. Повеќе од 100.000 луѓе во моментов ги гаснат пожарите ширум земјата.

Waldbrände in Russland

Раководителот на кризниот центар, Владимир Степанов позитивно ја оцени досегашната работа - спречено е натамошно ширење на огнот: „Ситуацијата со пожарите во Русија во последните 24 часа е стабилна. Ангажиравме дополнителни сили. Сакаме да спречиме пожарите да ги зафатат населбите и со тоа да предизвикаат нови жртви. Во тоа успеваме. Такви мерки се спроведени во 275 населби.“ ´

Степанов потврди дека во моментов не постои опасноста за атомските централи и постројки. Сите стратешки објекти се безбедни. Исто така под контрола е и ситуацијата во Брјанската област недалеку од границата со Украина и Белорусија. Постоеше стравување дека во тој регион пожарите може да ослобдат радиоактивни честички во воздухот, оти регионот е озрачен по радиоактивната катастрофа во Чернобил во 1986 година.

Граѓаните на Москва се соочени со густ смог

Штетните гасови, особено вредностите на јаглерод моноксид се за четрипати повисоки од граничнтие вредности. Лекарите

Feuer Russland Moskau Smog Rauch

Москва

предупредуваат дека се можни големи последници по здравјето на луѓето. Заштитните маски се распродадени во апотеките. Повеќето билети за возовите, автобусите и авионите од Москва кон други дестинации се распродадени. За оние кои мора да останат, Москва во моментов е мачење.

„Притисокот се покачува, присутна е главоболка. Човек има чувство, очите горат, како да има песок во нив.“

„Никаде неможеш да се сокриеш од горештините и чадот. Ако во домот се отворат прозорците, чадот влегува внатре, ако се затворат е уште полошо.“

„Сестра ми не може повеќе да зборува, го загуби гласот.“

Поради смогот, температури околу 40 степени целзиусови и високата концентрација на штетни материи откажни се натпреварите на руската премиер лига во Москва.

Автор: Штефан Лак/ Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев