1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Пожарите во Дубровник под контрола

*

Огнот кој во текот на викендот се приближи до Дубровник во текот на ноќта зафатии две негови предградија, а жителите беа евакуирани. Утрово тој е ставен под контрола. Јачината на ветерот се намали и авионите за гаснење можеа да продолжат со работа. Со огнот се борат и околу 250 пожарникари како и неколку возови за гаснење . Дубровник е омилено туристичко место и поради неговите културни богатства е прогласен за светско културно наследство од страна на Унеско.