1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пожарите во Австралија можеби предизвикани од воена вежба?

Австралиската армија, според сопствени наводи, истражува дали можеби пожарите на југоистокот од земјата се предизвикани од воена вежба. Надлежните предвидуваат дека пожарите може да траат со недели.

Пожарите во Австралија избија истиот ден кога се одржуваше воена вежба (16 октомври) и затоа армијата почна истрага која треба да утврди дали вежбата е причината за огнената стихија, соопштија денеска (19.10) австралиските воени сили. Армијата им изрази сочувство на семејствата на жртвите и погодените од пожарите.

Во пожарите во сојузната држава Нов Јужен Велс досега изгоре површина од 100.000 хектари, уништени се стотици куќи. Еден 63-годишен маж почина од срцев удар во моментот кога се обидувал да ја спаси куќата од пожарот. Освен тоа, во болница се пренесени и двајца пожарникари. Во Нов Јужен Велс денеска има околу 80 пожари.

Во летните месеци во Автсралија, од декември до февруари, постојано има пожари. Годинава, меѓутоа, пожарите во нискостеблестите шуми почнаа невообичаено рано поради високите температури и малите количества дожд во последниот период. Во пожарите во 2009 година во сојузната австралиска држава Викторија загинаа 173 лица.