1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Под нож за убавина

И голем број малолетнички мислат дека само со хируршки зафат можат да станат убави. Психолозите не мислат дека тоа има логика, а на ваквите зафати се противат и политичарите.

Овде се игра само на една карта, картата на совршена убавина. Избор за мис во Берлин. Пред излегувањето на бина, уште еднаш се поправа шминката, фризурата, ништо не се препушта на случајот. Најважна е убавината- тоа е паролата на овие млади жени, и не само нивна.

„Познавам луѓе на кои им е важен само изгледот. Често ми велат: ти си поубава, тебе ќе те земеме. Тоа е така во ова друштво“, вели Лиза Гриндел, службеничка по професија.

И студентката Лидија Кауфхолд го дели истото мислење:

„Кога е некој убав, тогаш подобро го прифаќаат отколку ако не е. Тоа е моето мислење“.

„Тука постои одреден притисок. Целото општество и медиумите се такви: се гледаат само убавите луѓе и луѓето кои се разубавуваат со помош на компјутери“, смета студентката Сара Ланге.

Пат до перфекција?

Оној кој не се чувствува доволно убав, сака под скалпел, на пример на операција кај доктор Маковски. Оваа млада пациентка не сака да го открие својот идентитет. Убава, млада девојка, но во нејзините очи не и перфектна поради преголемите уши. 17-годишната сака да се оперира.

„Тоа едноставно ми пречи. Немам самодоверба, никогаш не ја врзувам косата. Имам комплекс поради моите уши“, вели младата девојка.

Schönheitsoperation

Привлечно ветување- со само неколку резови убавината е загарантирана. Но токму кај младите луѓе проблемот најчесто не е во изгледот.

„Она што е типично за фазата на пубертетот е ткн. дисморфофобија. Значи претставата дека на моето тело не е се’ како што би требало да биде. Одеднаш го забележуваме носот и ни изгледа предолг. Тоа е реална причина за незадоволство, но не е оправдано за хируршка интервенција како да станува збор за унакажен дел од телото. Причината за проблемот е во несигурноста и душевната неурамнотеженост“, објаснува Михаел Шулте- Маркворт, психијатар на Универзитетската клиника во Хамбург.

Политичарите се против

Несигурните тинејџери својот спас го бараат во оперативните сали и во пластичната хирургија. Но и хирурзите со задоволство се фаќаат за скалпелот. Тоа е проблематичен тренд кој политичарите сакаат да го запрат.

„Во принцип треба да се забранат сите пластични операции врз малолетници чии трошоци не сакаат да ги прифатат здравствените осигурувања. Со тоа би се повлекла јасна граница што плаќа осигурувањето, бидејќи ќе постои јасна медицинска причина, на пример по хемотерапија. Таквите операции би биле

Jens Spahn - CDU

Јенс Шпан

дозволени и кај малолетниците. Сите останати естетски зафати би биле забранети“, смета политичарот на конзервативната ЦДУ/ЦСУ Јенс Шпан.

Доктор Маковски во досегашната пракса не гледа никаков проблем. Тој сака се’ да остане како што е. Не треба политичарите да одлучуваат кој треба да се оперира, туку родителите и лекарите.

„Никој од нас пластичните и естетски хирурзи не принудува никого на операција, туку желбите доаѓаат од другата страна. Ние проверуваме, дали постојат претпоставки со одреден зафат да се дојде до резултати со кои детето би било задоволно. А оваа постапка, дека детето мора да биде согласно, дека родителите мора да бидат согласни, дека мора да се објасни целата постапка, сето тоа не е ништо ново. Нам не ни требаат никакви закони, едноставно не постои потреба за промена“, вели Мариан Маковски.

Пусулче за убавина!

Со хирургот не се согласува психијатарот Михаел Шулте-Маркворт. Родителите при донесувањето на одлуката се под преголем притисок. 

„Родителите чувствуваат сосема поинаков вид одговорност кон своите деца. Но и друг вид на сожалување. Притоа тука е и илузијата дека со промената на надворешноста ќе се решат и сите останати проблеми. По операцијата и родителите и младите се подеднакво разочарани кога ќе се покаже дека психичките проблеми не се решени“, вели Шулте-Маркворт.

„Победник е ... Лиза Гриндел“.

Успеа, таа е Мис на Александерплац. За Лиза тоа е еден од најубавите деновите во животот. Бидејќи сега има и официјална потврда... дека е убава.

„Ме прави многу горда тоа што и другите луѓе ми се одушевуваат на убавината“, вели Лиза Гриндел.

Лиза се’ уште не се оперирала. Но доколку со текот на времето открие некаков недостаток, признава дека веднаш ќе оди под нож, без двоумење.