1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Подршка за траен мир на Блискиот Исток

Неколку дена по упатувањето на првите германски трупи во мировната мисија во Либан , во Берлин се сретнаа германската канцеларка Ангела Меркел и либискиот премиер Фуад Сињора . Двајцата лидери, меѓудругото , заеднички ја потенцираа важноста на политичкото решение за кризата на Блискиот Исток

default

Канцеларката Меркел и премиерот Сињора имаат ист став кога станува збор за оценката на мировната мисија во Либан . Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност е важен чекор на патот кон трајно решение на судирот на Блискиот Исток- сметаат обајцата. Германската морнарица во рамките на оваа мисија ќе го контролира крајбрежниот појас на Либан:

„ Пред пет недели , сеуште имавме ситуација во која не знаевме дали примирјето ќе трае еден или два дена . Среќна околност е што блокадите се отстранети . Меѓународните трупи веќе се наоѓаат на Блискиот Исток или би требало да се упатени натаму. Мораме да се погрижиме постепено да бидат исполнети сите аспекти на оваа резолуција“- истакна Меркел.

Либанскиот премиер Сињора и се заблагодари на сојузната канцеларка , на Бундестагот како и на германскиот народ на воениот и хууманитарниот ангажман во неговата земја:

„ Либан ги извршува своите обврски . Ги преземавме сите неопходни чекори и тоа ќе го правиме и во иднина . Сега е редот на Израел да го прави тоа . Притоа Израел мора да го забрза и повлекувањето од сите новоосвоени подрачја. Мора да запре секоја повреда на нашите граници “

Сињора натаму зборуваше за политичкиот процес во кој учествува и Хезболах како дел од парламентот и владата:

„Тоа ќе доведе до тоа либанската влада да оствари целосна контрола во својата земја и да нема друга армија и друг авторитет освен либанскиот“

Решение за судирот со Израел и Либан , според Ангела Меркел е можно само доколку двете соседни земји ја сфатат неопходноста од политички договор:

„Цврсто сум уверена дека доколку имаме јак и суверен Либан , ќе имаме и гаранција за тоа дека Израел ќе може да егзистира и да се развива“ – истакна Меркел додавајќи дека за да се оставри оваа цел и покрај преземените воени мерки, не смее да се запре со дипломатските напори.