1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Подобрување на здравствената состојба на Мандела

Поранешниот јужноафрикански претседател Нелсон Мандела сѐ уште се наоѓа во стабилна состојба, и неговота здравствена состојба се подобрува, соопшти во петокот канцеларијата на јужноафриканскиот претседател.

Ништо не се смени од последниот здравствен билтен за состојбата на Мандела објавен на 11. август, соопшти портпаролот на канцеларијата на јужноафрикански претседател Мак Махарај.

Во последниот билтен, Махарај ги пренесе зборовите на медицинскиот тим на Мандела дека неговота состојба постојано се подобрува, но дека е сѐ уште во критична состојба.

Мандела е префрлен во болницата Преторија по повторното појавување на инфекција на белите дробови. Во петокот беше неговиот 77. ден во болница. Мандела на 18. јули го прослави својот 95. роденден во болница.

Неговата ќерка Зиндзи Мандела изјави на 9. август дека Мендела е во состојба да стане од кревет, што претставува големо подобрување на неговата состојба.
„Тој е добро. Татко ми е сега во состојба да стане од кревет, тој седи неколку минути дневно на столица, и од ден на ден станува сѐ посвесен и поподвижен“, изјави Зиндзи. Нејзината изјава претставува најохрабрувачка вест за состојбата на Манедела по приемот во болница.

На добитникот на Нобелова награда за мир повторно му се појави инфекција на белите дробови, која е резултат на туберколоза од која се зарази во текот на 27 години минати во затвор поради отпорот против режимот на апратхејдот.