1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Подобри резултати за германските ученици

За првпат Германија во рамките на меѓународниот Пиза тест за ученици е една од ОЕЦД земјите со натпросечни резултати. Се подобриле и послабите ученици. Сепак останува проблемот со неправедност во образованието.

Германските ученици на петтиот меѓународен Пиза тест постигнаа најдобри резултати досега. За првпат по предметите математика, природни науки и читање постигнаа натпросечни резултати меѓу вкупно 510.00 тестирани ученици на возраст од 15 и 16 години во 65 држави. Во Германија учествуваа околу 6.000 ученици од 250 училишта на тестот, кој се спроведува од 2000 година секои три години. Според актуелната студија за способностите на учениците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), кој денеска (03.12)беше претставен во Берлин, германските ученици го заземаа 16. место.

Посебен успех учениците покажаа по математика, тежиште на актуелната Пиза студија. Со 514 точки германските ученици беа над ОЕЦД просекот. Момчињата по овој предмет покажаа значително подобри резултати од девојчињата. „Во однос на конкуретноста на Германија политичарите, наставнциите и родителите би требало да сторат сѐ, за да го разбудат интересот кај девојчињата“, опомена директорката за образование на ОЕЦД Барбара Ишингер при претставувањето на студијата.

Децата со мигрантско потекло се потценети

Исто така и децата од доселеничките семејства, се вели во актуелната Пиза студија, според постигнувањата по математика се речиси една и пол школска година зад нивните германски соученици. За координаторот на Пиза студијата на ОЕЦД во целиот свет, Андреас Шлајгер многу ученици се потценети поради нивното потекло. „Социјалната неправда во Германија е посилно поврзана за проценките на наставниците, отколку со достигнувањата“, вели Шлајхер во разговор за ДВ.

Како и при Пиза тестот во 2009 година југоисточноазиските земји и овојпат се предводници. Меѓу најдобрите десет по математика се наоѓаат седум земји од азискиот континент. Најголем број поени е измерен во Шангај - 613. Таму учениците се речиси три школски години пред нивните врсници од просекот на ОЕЦД. На второ и трето место се Сингапур и Хонгконг. Во Европа Лихтенштајн и Швајцарија се на водечките позиции. Финска, која водеше на првата Пиза студија овојпат се рангираше само на 12 место.