1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Подобра прогноза за Германија

Меѓународниот монетарен фонд ја покачи својата прогноза за економскиот развој во Германија за оваа година .

ММФ

ММФ

Во вчера објавениот полугодишен извештај Фондот предвидува растот на бруто општествениот производ на земјата во 2006 да изнесува 2 проценти. Претходно ММФ предвиде економски раст на германската економија од 1, 3 проценти во оваа 2006-та година . Фондот за наредната 2007-ма година меѓутоа предвидува, пред се поради планираното зголемување на Данокот за додадена вредност во Германија , намалување на економскиот раст , кој би требало да изнесува 1,3 проценти.