1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Поднесена интерпелацијата за Јанкулоска

Пратеничките групи на опозициските партии СДСМ, НСДП и ПЕИ денеска (30.12.2011) до македонското собрание поднесоа интерпелација за работата на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

default

Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Опозициските партии бараат министерката да одговара за случајот со убиеното момче, Мартин Нешковски, за уривањето на деловниот комплекс „Космос“ сопственост на пратеникот на ПЕИ, Фијат Цаноски, како и за случајот „Кампања“ и оти ги попречила пратениците да направат увид во документацијата за тоа како бил следен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Јанкуловска: Интерпелација без аргументи

Gordana Jankulovska, Innenministerin Mazedonien

Гордана Јанкулоска

Министерката пак во интервју за МИА вели дека јавноста е навикната на напади и прозивки од страна на опозицијата без основа или поднесување на интерпелации без аргументи.

„Затоа залудно е да се оптоварувам со нивните одлуки и мотиви. За мене е важно тоа што по првите две интерпелации следеа избори на кои граѓаните јасно и недвосмислено и кажаа не на ваквата политика на опозицијата и ги казнија транзициските манипуланти заглавени во 90-тите години од минатиот век“ вели Јанкулоска.

Претседателот на Комисијата за надзор над комуникациите на МВР, Тито Петковски иницираше интерпелација на министерката незадоволен од одговорите на МВР за следењето на Бошкоски.

Тој тврдеше дека Бошкоски бил прислушуван незаконски, додека Јанкулоска во дописот му напиша дека Бошкоски не бил прислушуван и дека таква документација во МВР не постои.

Автор:СН/АТ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска